Филмот „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ поддржан од МЕДИА

Новиот филм на Теона Стругар Митевска „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ ја доби поддршката од потпрограмата МЕДИА на Креативна Европа, на последниот повик за поддршка на развој на филмски проекти, во висина од 30.000 евра.
- Во конкуренција од 294 пријави од цела Европа, на овој конкурс се поддржани 57 проекти, меѓу кои и најновиот филм на Теона Митевска, информира македонскиот МЕДИА Деск.
Филмот „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ е во подготовка и ќе се реализира во продукција на „Сестри и брат Митевски“, во копродукција со партнери од Белгија и Словенија, а се очекува во реализацијата на проектот да се приклучи уште една западноевропска земја.
Во образложението за проектот, комисијата го оценува сценариото со највисоки оценки и го истакнува и креативниот тим, кој, како што се наведува, несомнено може да ја изнесе на површина креативната визија на режисерот.
„Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија со 30.000.000 денари и беше презентиран на три маркети, од кои на Синелинк во Сараево ја освои највисоката награда за развој на проекти која ја дава европскиот фонд Еуримаж, во висина од 20.000 евра.
Програмата МЕДИА стана достапна за македонските филмски професионалци од јули 2015, а од април 2016 година во рамки на Агенцијата за филм почна да функционира и канцеларијата на МЕДИА. Од приклучувањето на Македонија во потпрограмата МЕДИА на Креативна Европа, со поддршка се здобија поголем број проекти.
Ново на Сител
-

Иран соопшти дека се нападнати две нуклеарни постројки
-

Ирански хакери признаа дека упаднале во електронската пошта на директорот на американското Федерално истражно биро, Кеш Пател и објавиле негови лични фотографии и други документи на интернет. Хакерската група „Хандала“ на својата веб-страница изјави дека
-

Обилните дождови предизвикаа поплави во повеќе градови во ОАЕ
-

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари
-

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец
-

Мицкоски: Македонија е кредибилен сојузник во НАТО
-

Одбележан Денот на Генералштабот и шестгодишнината од членството во НАТО
-

Мицкоски: Зар некој може да верува дека говорот на првата дама на САД оди на рецензија кај некој дипломатски претставник?
