Финска го продолжува затворањето на граничните контролни пунктови со Русија до 14 април
Финската влада ќе го продолжи затворањето на контролните пунктови долж границата со Русија до 14 април, соопшти финското Министерство за внатрешни работи.
Кон крајот на минатата година, Финска ја затвори својата источна граница со Русија поради зголемените пристигнувања на мигранти од земји како Сирија и Сомалија.
Хелсинки ја обвинува Москва дека намерно ги насочува мигрантите кон границата, тврдење што Кремљ категорично го негира.
Финските власти имаат докази кои посочуваат дека повеќе мигранти ќе пристигнат од Русија доколку владата го укине затворањето на границите, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
„Блиску до границата, на руска страна, има стотици, можеби дури и илјадници мигранти кои чекаат можност да го продолжат својот пат кон Финска“, рече министерката за внатрешни работи Мари Рантанен.
„Блиску до границата, на руска страна, има стотици, можеби дури и илјадници мигранти кои чекаат можност да го продолжат својот пат кон Финска“, рече министерката за внатрешни работи Мари Рантанен.
Според финските гранични власти, вкупно 1. 323 баратели на азил пристигнале во Финска од Русија помеѓу август и декември 2023 година.
Во јануари, имиграциските власти во Финска соопштија дека не биле во можност да лоцираат 160 од мигрантите и дека најверојатно тие продолжиле кон друга европска држава.
Ново на Сител
-
Македонија пет години дел од најголемиот воено-политички сојуз - НАТО
-
Крива Река загадена со цијанид и олово, општината ќе бара кривична одговорност
-
Teма на денот со Михалис Рокас, евроамбасадор
-
Поднесено обвинение за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова
-
Двајцата поранешни градоначалници на Кочани остануваат во куќен притвор
-
Само една од 800 згради во Карпош ги исполнува прописите за безбедност, рече Јакимовски
-
Граѓански организации бараат казни наместо време за прилагодување
-
Се намалува бројот на повредени кои остануваат на болничко лекување – критичните пациенти се подобри од вчера