Финска полиција: Гасоводот во Балтичкото Море најверојатно го оштетил кинески брод додека влечел сидро
Оштетувањето на гасоводот во Балтичкото Море на почетокот на овој месец се верува дека е предизвикано од брод кој влечел големо сидро по морското дно, но рано е да се каже дали се работи за несреќа или намерен чин, соопшти финската полиција.
Инспекторите рекоа дека сега го извлекле изгубеното сидро од локацијата на морското дно каде што пукна гасоводот на 8 октомври и истражуваат дали припаѓа на кинески контејнерски брод.
Полицијата претходно соопшти дека оштетувањето на подводниот гасовод „Балтиконектор“ и два телекомуникациски кабли во Балтичкото море било предизвикано од надворешна механичка сила и истражува дали се работи за саботажа или за несреќа.
Според извештаите, забележани се широки траги на влечење на морското дно што води до местото каде што гасоводот бил прекинат, а сидро лежело во близина на местото на оштетувањето.
Потесна патека е забележана на морското дно што се протега на десетици километри, соопшти полицијата. Се додава дека се скршило парче од сидрото, едно од двете шила.
– Следните прашања се дали тоа било намерно или небрежно и дали може да има мотив за тоа што се случува, но рано е да се одговори на тоа во оваа фаза, рече шефот на Националното биро за истраги (НБИ) Робин Лардот.
НБИ во петокот соопшти дека ја фокусира својата истрага на кинескиот контејнерски брод NewNew Polar Bear, кој поминал над цевководите и каблите во моментот на оштетувањето.
Кина претходно ја повика Финска да спроведе „објективна, правична и професионална“ истрага за штетата на гасоводот што ја поврзува таа земја со Естонија.
– Кина и Финска почнаа разговори за оштетувањето на гасоводот и се надеваме дека релевантните страни ќе можат да ја откријат вистината што е можно поскоро, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг.
Мао истакна дека кинескиот брод пловел во моментот на инцидентот, но не биле забележани никакви абнормалности поради лошите услови на морето.
Таа додаде дека Кина секогаш се залагала меѓународната заедница да ја зајакне соработката и заеднички да ја заштити безбедноста на прекуграничната инфраструктура.
Гасоводот и телекомуникацискиот кабел што ги поврзува Финска и Естонија беа оштетени на 8 октомври.
Ново на Сител
-

Уркиза: Со развојот на ВИ и дигиталните плаќања криминалот целосно ги брише границите, затоа соработката на полициските агенции е поважна од кога било
-

Голема победа на Силекс против Динамо Минск – Хасукиќ донесе триумф од 1:0
-

Нетанјаху: ИДФ ќе останат во Либан колку што е потребно, ние ќе ја одржиме воздушната супериорност
-

Првиот човек на ИДФ, генерал Ејал Замир: Борбата против Иран не е завршена, ќе следат големи операции
-

Претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, ги објави парламентарните избори за 28 ноември
-

Арагчи ги предупреди САД да се воздржат од нови воени авантури
-

МВР со низа превентивни активности за безбеден сообраќај, спречување пожари и кражби
-

Пакетот закони за високо образование прифатени од матичната собраниска комисија, одат на натамошно читање
