Финска пријави два „воздушни инцидента“ со руски авиони над Балтикот
Финското Министерство за одбрана соопшти дека во изминатите 24 часови имало на двапати „блиски средби“ со руски воени авиони, во реонот над Балтикот, по што интервенирале авионите на финското воено воздухопловство, во „заштита на финскиот воздушен простор“.
Еден руски „Сухој-27„ бил забележан во Финскиот Залив, јужно од Порво, додека претходно, друг ист таков авион бил регистриран во регионот на источниот Балтик..
„Присуството на руски воени авиони, над Балтичкото Море е особено зголемено, во последно време„- се вели во соопштението на финското Министерство.
Финска не е членка на НАТО, но има блиска соработка со Северноатланската Алијанса.
Порво се наоѓаисточно од главниот град Хелсинки и е на само 140 километри од границата со Русија.
НАТО постојано приговара на, како што се вели, провокативните летови на руската воена авијација, но ова е редок сучај, Финска да се пожали на „насилството во балтичкиот воздушен простор.
Рускте бомбардери редовно изведуваат долги, патролни мисии, од Арктикот, кон југот и кон Бискајскиот Залив, Москва навести дека такви патроли сака да имаи во северениот Пацифик, со авионите од базите во источниот дел на Сибир.
Русија ваквите свои постапки ги објаснува со засиленото воено присуство на НАТО во земјите од Балтикот и во Полска, ако и со воведенто постојано патролирање на авиони од земји од Алијансата, непосредно покрај руската граница.
Односите на Западот со Русија се силно нарушени по случувањата во Украина и по руската анекесија на Крим, а сега и со најновиот развој на вјната во Сирија.
Ново на Сител
-
Мицкоски за можна средба со Мицотакис во Вашингтон: Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и добри соседи
-
Путин очекува Орбан да зборува од името на Европа за Украина
-
НАТО на самитот во Вашингтон ќе бара стандардизација на артилериската муниција
-
Столтенберг се надева дека Украина може да се приклучи на Алијансата во следните 10 години
-
Шолц вети дека поддршката на ЕУ за Украина нема да ослабне, и покрај посетата на Орбан на Москва
-
Муцунски: Заедничките активности на НАТО и ЕУ во регионот од суштинско значење за зацврстување на стабилноста
-
НЕПТУН слави 10 години на HAPPY програмата за лојалност
-
Гир и Дрекслер се надеваат на продолжување на дијалогот со новата Влада, по изјавите на Мицкоски дека амбасадорите се мешаат во внатрешните работи