Финска станува членка на НАТО
Финска денеска ќе стане членка на НАТО, соопшти Кабинетот на претседателот на Финска, Саули Ниинистo.
– Овој потег ќе ја направи Финска побезбедна земја, а Шведска ќе биде побезбедна како резултат на влезот на нејзиниот сосед во НАТО. Во седиштето на НАТО првпат ќе го подигнеме финското знаме. Вторник ќе биде добар ден за безбедноста на Финска и на НАТО, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Турскиот Парламент на 30 март го ратификуваше влезот на Финска во Северноатлантската алијанса, при што сите 276 присутни членови гласаа „за“. Таа одлука на турскиот Парламент стапи на сила на 1 април, отстранувајќи ја последната пречка за влез на оваа нордиска земја во Алијансата.
Шведска се уште нема да стане членка на Алијансата, бидејќи Анкара се уште не и дала зелено светло. Турција ја обвинува Шведска дека пружа засолниште на членови на Курдистанската работничка партија (ПКК), која Анкара ја смета за терористичка група
Ново на Сител
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството
-
Тешко повредена 21-годишна работничка во Кочани
-
Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот