Финската премиерка се извини за фотографијата од забавата од официјалната резиденција

Финската премиерка Сана Марин денеска се извини за објавената фотографија од приватна забава што ја организирала во нејзината официјална резиденција во јули, откако минатата недела беше објавено видео од нејзината „забава“, што предизвика јавна дебата.
Во понеделникот, Владата информираше дека Марин, една од најмладите лидери во светот, е негативна на тестот за дрога.
Триесет и шестгодишната Марин во петокот се согласи да направи тест по реакциите околу нејзиното однесување.
Таа рече дека никогаш не зела дрога и негира дека правела нешто нелегално на забавата. Марин кажа дека пиела алкохол.
На интернет се појави видео како таа се забавува со пријатели, вклучувајќи и финска поп ѕвезда, па доби критики од политичари, како и барање да направи тест за дрога.
Оваа недела, пак, на социјалните мрежи почна да се споделува уште една фотографија на која се прикажани две познати инфлуенсерки како се бакнуваат, покривајќи ги голите гради со натписот „Финска“ од официјалната резиденција на премиерката во Хелсинки.
„Според мене, фотографијата не е примерна. Се извинувам за тоа. Не требаше да дојде до таква фотографија, но инаку ништо несекојдневно не се случило на забавата”, изјави Марин потврдувајќи дека фотографијата е од нејзината резиденција. Марин рече дека фотографијата е направена на приватна забава со нејзините пријатели по музички фестивал во јули. Финците се поделени околу однесувањето на премиерката.
Ново на Сител
-

Зеленски и се заблагодари на ЕУ за финансискиот пакет од 90 милијарди евра
-

Алармантно загадување: Активирани мерки поради високи концентрации на PM10 во Скопје
-

Радев соопшти дека мандатот за формирање нова влада на Бугарија ќе го даде по Нова Година
-

Тошковски на симулациска показна вежба за повреди предизвикани од петарди
-

Почина поранешниот норвешки селектор Оге Хајреде
-

Уапсен тетовец, возел со 1,90 промили алкохол во крвта
-

Москва: Правото и здравиот разум надвладеаја во договорот на ЕУ за Украина
-

Најстудено во Скопје, Битола, Струмица и Берово со измерени -4
