Бизнис
21. March 2020 - 8:14

ФИТР: До 10.000 евра за дигитални решенија за полесно справување и надминување на последиците од Ковид 19

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) објавува нов јавен повик за креативни алатки и решенија за онлајн и интерактивни активности или анимација наменети за различни категории на граѓани.

-Повикот се реализира во соработка со Амбасада на Швајцарија во Република Македонија, УСАИД, УНДП, УНИЦЕФ, МАСИТ и други партнери/експерти. Рокот за аплицирање е до 22/03/2020 година во 23.59 часот, информираат од Фондот.