Физичка пресметка меѓу две семејства завршила со престрелка, приведени десет лица
На 30.04.2021 полициски службеници во Полициска станица Ѓорче Петров привеле 10 лица, постапувајќи по пријава според која во 20.45 часот во с.Буковиќ настанало нарушување на јавен ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.А.(22) и С.А.(27), двајцата од с.Раовиќ, од една страна и И.П.(57) и Р.П.(30), двајцата од с.Буковиќ, од друга страна.
Потоа истите отишле во Градска општа болница „8 Септември“ за санирање на повредите. Околу 21.20 часот неколку лица од фамилијата на Ј.А. и С.А. од с.Раовиќ дошле во дворот на фамилијата на И.П. и Р.П. и испукале повеќе проектили кон Љ.П.(25), син на И.П., кој се здобил прострелна рана во ногата и е пренесен во ГОБ „8 Септември“. Приведените лица се задржани во полициска станица и се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Со месеци се чека скен на коски
-
Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе
-
Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе
-
Вработени во ЗОО Скопје: Град Скопје сами си го напишаа соопштението дека инспектори со оружје влегле во зоолошка и направиле масакр
-
Инфлацијата во светот е ставена под контрола
-
Детален список: Што поевтини, а кои производи поскапеа со есенската кошничка?
-
Платата во август повисока за 2 евра од јулската
-
Гаши доби кривична пријава од Левица за бранителите