Македонија
28. February 2025 - 18:23

Физички нападнат 23-годишник од Илинден пред ноќен клуб

На 27.02.2025 околу 13.00 часот во СВР Скопје, М. А.(23) од населба Илинден - Скопје пријавил дека на 16.02.2025 околу 02.00 часот, по претходно недоразбирање, пред ноќен клуб на подрачјето на Карпош бил физички бил нападнат од Л.Т. и уште едно машко лице, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.