Тошковски: Затворот Скопје функционирал повеќе како туристичко-угостителско правно лице, отколку како затвор
Во рамки на вчерашната акција, која е спроведена по наредба на судија на претходна постапка извршени се два претреса од страна на Министерството за внатрешни работи и од слобода се лишени две лица кои имале менаџерски функции во Затворот Скопје, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во текот на посетата на Штип. Тој посочи дека наводите коишто ги имаат констатирано од досегашните докази им давааат основи на сомнение дека Затворот Скопје досега функционирал повеќе како туристичко-угостителско правно лице, отколку како затвор, а кој треба да се грижи за осудени лица согласно законски одредби.
- Цениме еднаш за секогаш дека ваквиот начин на злоупотреба на македонските граѓани треба да заврши во рамки на овие институции. Заради тоа што сите услови коишто им биле овозможувани на осудените лица, а тоа согласно Закон не им следувало од типот на приватни посети да бидат изнесувани од осум до десет часа во текот на денот надвор од затворот, со затворско обезбедување, со службени возила, со службено гориво и со прекумерни саати исплатени не од некое приватно правно лице, туку од буџетот на македонските граѓани. Навистина сметам дека треба да остане во заборав за секое едно дејствие коешто е од овој тип треба да има соодветна постапка, на крајот ќе оставеме на судот дали ќе одлучи да изрече и соодветни санкции, изјави Тошковски.
Министерот за внатрешни работи, Тошковски потенцира дека ова освен што ќе делува репресивно за конкретните лица, ќе делуваат и превентивно од аспект на тоа и да се упати порака до јавноста дека неказнивоста останува во заборав во Македонија и конечно законот важи еднакво за сите и се применува какошто доликува на една европска држава.
Прашан дали имаат сознанија дека вакви работи се случувале и во други затвори во земјава, Тошковски со одговор дека хотел „промаја“ не било само во Затвор Скопје, туку имало и во некои други затвори во земјава.
- Имавме преземено процесни дејствија, односно поднесовме кривична пријава во изминатите неколку месеци и за еден друг затвор којшто беше менаџиран од исто така одредени лица, коишто незаконски постапувале во делот со осудените лица. Така што, ова не е прв случај којшто го работиме од овој тип и за којшто поднесуваме кривични пријави. Верувам дека во иднина ќе следат и други постапки, коишто ќе бидат поврзани со сличен тип на криминалитет, изјави Тошковски во текот на посетата на Штип.
Ново на Сител
-
Зеленски предвреме ја напушти Белата куќа, откажана и прес-конференцијата
-
Зеленски четири пати им се заблагодари на Трамп и на САД
-
Макрон по прекинатиот разговор Трамп-Зеленски: Има агресор, а тоа е Русија
-
Белата куќа: Договорот за минерали меѓу САД и Украина не е потпишан
-
Трамп до Зеленски: Ризикувате да започнете Трета светска војна
-
Тошковски: Затворот Скопје функционирал повеќе како туристичко-угостителско правно лице, отколку како затвор
-
Трамп го прогласува англискиот за службен јазик во САД
-
Физички нападнат 23-годишник од Илинден пред ноќен клуб