ФК Партизан назначи нов тренер
Спорт
Партизан се раздели со тренерот Ѓукиќ
Мирослав Ѓукиќ повеќе не е тренер на фудбалскиот клуб Партизан. На функцијата ќе го замени поранешниот играч на овој клуб Зоран Мирковиќ.
Ѓукуќ стана тренер на Партизан минатото лето и уште на самиот почеток на неговиот мандат навивачите не беа задовол…
Објавено пред
3 часа
Од
Во ФК Партизан реагираа многу брзо на слабите игри на тимот и експресно го сменија од тренерската функција Мирослав Ѓукиќ . Нов тренер на овој клуб е Зоран Мирковиќ.
Ѓукуќ стана тренер на Партизан минатото лето и уште на самиот почеток на неговиот мандат навивачите не беа задоволни од неговата работа, но на функцијата се одржа бидејќи избори пласман во фазата по групи во Лига Европа.
Токму реваншот со Тракаи и резултатот 1:1, пресуди раководството да му врачи отказ на Ѓукиќ.
„Моравме да смениме нешто во пресрет на дуелот со Нордсјеланд. Клубот сака да изрази благодарност за се она што Мирослав Ѓукиќ го направи. Се разделуваме како пријатели“, рекол генералниот секретар Милош Вазура.
Инаку, според српските медиуми, Партизан на Ѓукич ќе треба да му исплати помеѓу 250.000 и 400.000 евра бидејќи предвреме е раскинат неговиот договор.
Ново на Сител
-
Левица бара Собранието да расправа за депонијата во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
Алтернативи за прочистување на воздухот: Подготвена ли е Македонија да ги следи светските трендови?
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Преглед на вестите од светот
-
ДСЗИ откри недостатоци при третманот на 5 годишното девојче кое почина на Детска - ДУИ бара оставка од Таравари
-
Суспензија и истрага за Мустафа Хајрулахи, вработени го пријавиле за малтретирање
-
Мицкоски: Инсталациите на СДСМ и ДУИ во судството и обвинителството се жилави, борбата ќе биде долга