Флик: Се стремиме да постигнеме многу голови - тоа е дел од нашиот стил и нашето разбирање за фудбалот

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ги пофали своите играчи по нивната уникатна победа од 5:0 над Валенсија и пласманот во полуфиналето на Кралскиот куп.
Барса оваа сезона веќе постигна 109 гола на 35 натпревари.
-Многу сум задоволен од тоа како се претставивме. Почнавме силно и создадовме многу шанси. Ова е стилот на игра што сакаме да го видиме. Секогаш барам да делуваме динамично. Ние сме млада екипа и гладни сме за победи. Се стремиме да постигнеме многу голови - тоа е дел од нашиот стил и нашето разбирање за фудбалот. Сепак, понекогаш морам да барам од играчите да бидат повнимателни во последните минути од натпреварите и да ја контролираат ситуацијата на теренот, истакна Германецот.
За критиките за Шчесни, Флик рече дека голманот е во тимот со задача да прими што помалку голови.
-Тој ни дава мир и доверба. Прекрасен фудбалер. Денеска не доби гол и тоа е многу важно. Педри? За него нема многу што да се каже, бидејќи очигледно е дека зборуваме за импресивен фудбалер. Тој несомнено е меѓу најдобрите на својата позиција. Педри навистина сака да игра фудбал, додаде Флик.
Ново на Сител
-

Макрон предлага забрана за користење на социјалните мрежи за лица под 15 години
-

Реакција на адвокатката Ивана Коцевска на употребата на нејзиниот лик на транспарент на „Маршот на ангелите“ во Кочани
-

Дипломатската служба на ЕУ предупредува: Одборот за мир на Трамп концентрира премногу моќ и ги крши принципите на ЕУ
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Франција надмоќна против Португалија, постигна 28 голови во едно полувреме
-

Трамп се закани со 100-процентни царини за Канада доколку склучи трговски договор со Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е штетен за Македонија
-

Филипче: Вратите на СДСМ се ширум отворени за секој чесен социјалдемократ, за секој работник, за секој интелектуалец кој ѝ мисли добро на државата
-

Лажен „лекар од Словенија“ измамил 86-годишна жена од Виница за 30.000 евра
