„Флоријан“ зема замав – ќе има нови врнежи, грмежи и невреме
Денеска претпладне времето во државава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но и со услови за локален дожд проследен со поретки грмежи особено на север и северозапад, пишува „Метеомакс“.
Од пладневните часови па натаму на повеќе места и тоа особено на запад, југозапад и на исток ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, и засилување на ветерот.
Локално ќе има услови за поинтензивни атмосферски процеси проследени со интензивен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и појава на град.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени што значи ќе бидат значително под просекот за овој дел од годината.
Циклонот „Флоријан“ ќе се задржи и следните денови и ќе условува чести врнежи, грмежи и услови за невреме.
Ново на Сител
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари