„Фолксваген“ во јануари ќе почне да ги повлекува автомобилите со неисправни дизел мотори

„Фолксваген“ ќе почне да ги повлекува од пазарот автомобилите со дизел мотори, кои се опремени со софтвер за манипулирање на тестовите за емисија на штетни гасови, изјави во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ новиот главен извршен директор на компанијата Матијас Милер, кој вети дека возилата ќе бидат поправени до крајот на следната година.
- Доколку се тече според планираното можеме со повлекувањето да почнеме во јануари. Сите автомобили треба да бидат поправени до крајот на 2016 година, истакна Милер.
Тој смета дека само неколкумина вработени во компанијата се вмешани во манипулирањето на емисиите на дизел моторите, што имаше последици врз вредноста на акциите, но и репутацијата на „Фолксваген“.
Според него неговиот претходник Мартин Винтеркорн не знаел за измамата.
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
