Фон дер Лајен: ЕУ добива две милијарди вакцини
Европската унија ќе добие околу две милијарди дози вакцини против коронавирусот, соопшти денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
За време на видеоконференцијата со австрискиот канцелар Себастијан Курц, таа рече дека тоа значи оти со таа количина ќе можат да се вакцинираат 700 милиони луѓе и додаде дека тоа подразбира и граѓани од Западен Балкан и Африка.
Австрија, додаде таа, ќе добие два проценти од вкупниот број вакцини нарачани од ЕУ.
– Тоа е повеќе од она што на Австрија најверојатно ќе и треба, рече Фон дер Лајен.
Курц и се заблагодари на Фон дер Лајен за нејзината посветеност во кризата со коронавирусот.
– Зачудувачки е колку брзо и добро се одвива овој процес. Вакцината ќе ја промени ситуацијата, нагласи тој.
Фон дер Лајен рече дека првите вакцинации најверојатно ќе можат да почнат во декември.
Курц изрази надеж дека првата група граѓани во Австрија ќе ја примат вакцината во јануари, потсетувајќи дека тоа ќе биде медицински персонал, негуватели и стари лица, како и ризични групи.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
