Фон дер Лајен на средба во Анкара со Ердоган
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска во Анкара ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавија турските медиуми.
Ситуацијата во Сирија се очекува да биде главното прашање за кое ќе разговараат.
Разговорите ќе се фокусираат на напорите за зачувување на националното единство на Сирија и заштита на малцинствата по падот на поранешниот претседател Башар Асад, напиша фон дер Лајен на својот профил на социјалните мрежи X.
Таа, исто така, планира да разговара со Ердоган за испорака на хуманитарна помош во Сирија.
Минатата недела, ЕУ ги објави плановите за испраќање на речиси 100 тони хуманитарна помош (вклучувајќи здравствени материјали и основни производи) во Турција, кои ќе бидат транспортирани во Сирија од страна на агенциите за помош на ОН.
Ново на Сител
-
Македонија под снег
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје