ОН: Формиран фонд за борба против насилството врз децата

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, денеска го објави создавањето на ново партнерство и фонд, наменети за борба со насилството врз децата, пренесоа американските медиуми.
Бан го соопшти и создавањето на Глобално партнерство за прекин на насилството врз децата, што обединува влади, фондации, академски институции и приватниот сектор во обид да се прекине со злоупотребите, експлоатацијата, шверцот и насилството врз децата во вооружените конфликти.
Формиран е и труст за подршка на партнерството, во кој прв донатор е британската Влада, која додели 40 милиони фунти (околу 54 милиони долари).
Според податоците на американските Центри за контрола и превенција на заболувањата, над една милијарда деца низ светот преживеале физичко или психичко насилство, а едно од пет девојчиња барем еднаш во животот биле подложени на сексуално малтретирање.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

ДПИ на терен проверува дали трговците се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
-

Продолжува негативниот прираст - 1 005 помалку родени од умрени во второто тримесечје
-

Мицкоски: Донесовме одлука за намалување на цените на училишниот прибор за да го олесниме товарот врз семејниот буџет
-

Жена пронајдена почината во стан во Скопје
-

16-годишно девојче нападнато од нејзиниот 28-годишен партнер
-

Шестмесечно бебе донесено починато во Поликлиниката Драчево
