Фотографијата од сиромашно дете која го обиколи светот: Додека има светлина, има и надеж!
Фотографија на филипинско дете кое на улица го користи светлото што доаѓа од ресторан на „Мекдоналдс“ за да напише домашната задача, објавена во британскиот весник „Дејли Мејл“, предизвика големо вниманието во светските медиуми и своевиден глобален интернет блог со сентиментална порака дека „додека има светлина, има и надеж’’.
Главната личност на фотографијата е деветгодишниот Даниел, ученик во основно училиште во Мандауе сити, на филипинскиот остров Цебу. По појавата на неговата фотографија на социјалните мрежи во пет дена имаше над 6.000 споделувања.
Многумина што притиснаа „лајк’’ се согласија реченицата „додека има светлина, има и надеж“ да стане мото и мотив за поголема поддршка на сиромашните, но очигледно умни и трудољубиви деца.
Вредниот Даниел, кого мајка му пред новинарите го опиша како мило и умно дете, најеројатно еден ден ќе стане полицаец. Барем тоа му се сегашните планови, а сингапурскиот „Стрејт Тајмс“, кој и денеска пишува за момчето што на улица ја пишува домашната, соопштува дека десетици Сингапурци се јавиле во нивната редакција со понуди тие да бидат спонзори на школувањето и домувањето на Даниел.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг