-->
-->
Франција го претстави петгодишниот инвестициски план, вреден 57 милијарди долари
-->

Француската Влада денеска го претстави инвестицискиот план, со кој се предвидува во следните пет години да се вложат 57 милијарди евра за еколошка транзиција, обука и дигитална трансформација на државата.
- Целта на петгодишниот план е да се зголеми ефектот на владините економски, фискални и социјални реформи, изјави денеска францускиот премиер Едуар Филип при претставувањето на планот за модернизација на Франција.
Тој истакна дека со планот се предвидуваат 57 милијарди евра за реформи, повеќе од 50-те милијарди евра, ветени од Емануел Макрон за време на претседателската кампања.
Планот предвидува дека 20 милијарди евра ќе бидат наменети за еколошка транзиција, која се издвојува како владин приоритет. Девет милијарди евра ќе бидат потрошени на дигитална трансформација, 15 милијарди евра на образование и обука, а 13 милијарди евра ќе бидат резервирани за иновациите.
Францускиот премиер најави дека за финансирање на планот, 12 милијарди евра ќе бидат обезбедени од постојните кредити, а преостанатите 45 милијарди евра ќе бидат финансирани од нови извори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Јанц: И реваншот против Македонците ќе биде предизвик
-
Макрон ја повика Русија да го прифати примирјето
-
Стармер: Путин не е сериозен во врска со мирот
-
„Еурактив“: Српската бавна револуција
-
Нејмар: Се чинеше дека моето враќање е блиску, но нема да можам да го носам дресот на Бразил
-
Хрватскиот премиер Пленковиќ опериран поради срцева аритмија
-
Норис најбрз на квалификациите за Големата награда на Австралија
-
Метеоролозите предупредуваат: Торнада и силни бури се закануваат на Југот на САД