Франција се мобилизира против измените на Законот за работни односи

Француските синдикати повикаа на штрајкови и протести против новиот закон за работни односи, предложен од социјалистичката влада, јави дописникот на МИА од Париз.
Денешната моблилизација на синдикатите се очекува да биде масовна, бидејќи повеќе синдикати поднесоа пријава за штрајк, како во градскиот јавен превоз во Париз и парискиот регион, државната железница, Електродистрибуцијата, Ер Франс, нафтената индустрија Тоата, контролата на воздушниот собраќај, јавниот сектор, трговијата, медиумите, пристаништата и казината.
Превентивно се откажани 20 отсто од летовите од аердормото Орли, додека во Марсеј една третина, сообраќајот на Роаси не е погоден изутринава од штрајкот. Нарушен е редовниот железнички сообраќај, а има нарушување и во јавниот превоз како во Нант или Лион.
Штрајковите на јавниот превоз доведоа до зголемување на патниот сообраќај со неизбежните застои, кои околу осум часот и триесет минути изнесуваа над 400 километри, додека вообичаено се 200 км.
Главната колона на синдикатите во Париз ќе тргне во 13 часот и 30 минути, но веќе во другите градови на Франција, мобилизацијата на средношколците и студентите е забележана од раните утрински часови.
Ново на Сител
-

Крводарителска акција во чест на хуманоста на Тоше Проески
-

СЗО жали за повлекувањето на САД
-

ЕУ и Советот на Европа договорија создавање тим за формирање на Специјален суд за агресијата врз Украина
-

Облачно време со повремен дожд, слаб снег на повисоките планини
-

Макрон предлага забрана за користење на социјалните мрежи за лица под 15 години
-

Реакција на адвокатката Ивана Коцевска на употребата на нејзиниот лик на транспарент на „Маршот на ангелите“ во Кочани
-

Дипломатската служба на ЕУ предупредува: Одборот за мир на Трамп концентрира премногу моќ и ги крши принципите на ЕУ
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Франција надмоќна против Португалија, постигна 28 голови во едно полувреме
