Франција забрани онлајн продажба на парацетамол
Француската Влада забрани онлајн продажба на производи на база на парацетамол од денеска до крајот на јануари, поради потешкотии со набавката на тој лек против болки.
Владата во Службен весник објави дека до 31 јануари е прекината онлајн продажбата на лекови составени исклучиво од парацетамол.
Одлуката е донесена поради континуираниот недостиг на лекови на база на парацетамол, особено на тие што се за деца, во изминатите шест месеци, се вели во соопштението.
Се наведува и дека мерките што ги презеле здравствените власти, иако биле ефективни, досега не успеале целосно да стават крај на овие тешкотии во набавките.
Од пред неколку месеци, Националната агенција за безбедност на лекови бара од француските аптеки да ја ограничат продажбата на парацетамол на поединци.
Во декември, француското Министерство за здравство предупреди дека и покрај мерките, ситуацијата останува „комплексна“ и ќе бидат потребни уште неколку недели за да се реши.
Во одлуката, француската Влада укажа на влошувањето на здравствената состојба во Кина, каде што се зголеми бројот на случаи на коронавирус по ненадејното укинување на драстичните здравствени мерки во првата половина на декември.
Кинеската Влада го забрани извозот на парацетамол, а земјата произведува голем дел од главната состојка што ја користат лабораториите ширум светот. Тешкотиите во снабдувањето доаѓаат поради широкиот недостиг на неколку лекови во Франција и други земји, почнувајќи од антибиотици, како што е амоксицилин.
Ново на Сител
-

САД усвои закон за нови санкции и царини против Русија
-

Сончево со мала до умерена локална облачност
-

Вучиќ: Специјалниот суд за Косово сакаше да го зачува кредибилитетот на ОВК
-

Централно-левичарска опозиција победи на изборите во Шведска
-

Русија бара меѓународен договор за забрана на офанзивно оружје во вселената
-

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот
-

Курти: Пресудата за водачите на ОВК е неприфатлива неправда
-

Мицкоски во Вашингтон на средба со конгресмените Клаудиа Тени и Кит Селф, разговарано за значењето на стратешкото партнерство со САД
