Француската полиција приведе тројца осомничени за нападите во Париз

Француската полиција приведе денеска три лица осомничени за нападите во Париз. Едното лице е уапсено во предградие на Париз, а другите две во околината на Лил.
Рано изутрината во едно од париските предградија бил уапсен 29-годишен маж, осомничен за логистична поддршка на терористите, кои ги извршиле нападите на 13 ноември, во кои загинаа 130 лица. Тој е осомничен дека му доставувал оружје на исламистот Абделхамид Абауд, кој се смета за директен организатор на нападите.
Во околината на Лил полицијата приведе уште две лица, маж и жена. Полицијата за нив има информации дека му продавале оружје на терористот Амеди Кулибали, кој учествуваше во нападите од 7 и 9 јануари врз редакцијата на неделникот „Шарли ебдо“, каде беа застрелани 17 лица и во продавница за кошер храна, во која беа убиени четири лица.
Ново на Сител
-

Правда: Вонредниот инспекциски надзор е незаконски
-

Сиљановска-Давкова: Одбраната на македонскиот јазик е во рацете на говорителите
-

Муцунски: Многу сме блиску до склучување договор со САД за тарифите
-

Функционерските плати нема да пораснат
-

ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат
-

Рибокрадството не мирува
-

Вештачката интелигенција ќе го редифинира пазарот на трудот
-

Почна струмичкиот карневал
