Француската влада „со сила“ го поминува спорниот закон за работни односи
Француската влада на вонредна седница одржана денеска одлучи да го помине „на сила“ законот за работни односи, односно да го забиколи парламентот каде очигледлно нема мнозинство за да биде изгласан, јавува дописникот на МИА од Париз.
Новиот закон предизвика серија на протести од страна на синдикатите и студентските организации, често пропратени со сериозни судири со полицијата, како и појава на движењето „Ноќта стоечки“.
Новиот закон предвидува поедноставување на постапките за вработување и отпуштање од работа.
Француската влада одучи да го примени контарверзниот член од францускиот Устав 49,3, кој и овозможува на владата да донесе закон, без за него да се изјасни парламентот.
Ова е една од клучните реформи во мандатот на Франсоа Оланд, кој истекува точно за една година, но за неа тој не успеа да пронајде мнозинство ниту во парламентот, ниту на улиците.
Со примената на членот 49,3, владата ја ангажира својата одговорност, односно пратениците имаат можност да поднесат барање за гласање на доверба.
Веќе неколку политички групи најавија дека ќе поднесат такви барања, што ќе биде можност за владата да ја истакне својата политика, која според последните резултати на економијата носи плодови, бидејќи минатиот месец бројот наневработените се намали за 60 000, што не е забележано во последниве години.
Претседателот Франсоа Оланд, започна да верува во иднината за втор претседателски мандат, чија кандидатура самиот ја услови со намалување на невработеноста. Но, сите испитување на јавното мислење го најавуваат како голем губитник на идните претседателски избори чиј прв круг е закажан за 23 април, а вториот на 7 мај 2017.
Ново на Сител
-
Пожарникари од Радовиш цела ноќ гаснеле опожарена дабова шума, пожарот се уште активен
-
Во Битола пронајдени 1408 пушки од балканските војни
-
Најстудено утрово во Лазарополе
-
Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, вкупно 631 заразени
-
Бостон прв финалист во НБА плејофот
-
Денеска ќе се одржи Конститутивна седница на парламентарниот состав 2024-2028
-
135 сообраќајни санкции во Скопје
-
Повеќе од 20 лица загинаа во големите бури во САД – 300 илјади луѓе останаа без струја