Француски министер прогнозира раст на цените и во текот на 2022 година
– Цените на горивата, енергијата и на суровините ќе продолжат да растат во 2022 година, прогнозира францускиот министер за финансии Бруно ле Мер.
– Многумина продолжуваат да тврдат дека зголемувањето на цената е привремено. Но, се зависи од тоа што се подразбира под тој збор. Лично, не гледам перспектива за подобрување на ситуацијата до крајот на 2022 година, изјави францускиот министерот.
За време на својот говор, тој објасни дека порастот на цените се должи на недостигот на челик, алуминиум, дрва, нафтени производи и гас. Одговарајќи на многу прашања за можноста Французите да го компензираат наглото поскапување на горивата, Ле Мер нагласи дека е „за“ насочени мерки за помош на најпогодените семејства од економската ситуација.
– Задачата на државата е да го заштити населението, ние мора да им помогнеме на оние што работат или бараат работа, увери министерот. Според него, доколку се воведе субвенција за скапо гориво, таа ќе биде доделена на ниско платени лица и невработени.
Бруно ле Мер, исто така, го поддржа евентуалното намалување на тарифите за електрична енергија од страна на владата, кои веќе неколку недели растат во Франција. – Ако не направиме ништо, струјата ќе скокне за 15 отсто, предупреди министерот.
Ново на Сител
-

ЦУК: Активни пет пожари на отворен простор, 42 изгаснати до утрово
-

Иран контра Трамп: Ормуската Теснина останува блокирана!
-

Зеленски бара од САД да купи пет отсто од американските залихи на ракетите за системите „Патриот“
-

Големи пожари во Албанија, претседателот Бегај апелира на солидарност и одговорност од сите
-

Променливо облачно со сончеви периоди и температура од 37 степени Целзиусови
-

Муцунски: Веруваме дека во рамките на нашите предлози може да се најде решение за почеток на преговори со ЕУ
-

Ангелов: Значително е влошена состојбата со пожарите на отворен простор
-

Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во гасењето на шумскиот пожар во близина на селото Моране
