Францускиот кореограф и танчар Дидие Дешан почесен доктор на ЕФТА
Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА денеска ќе го прогласи за почесен доктор францускиот уметник Дидие Дешан - танчар, кореограф и прв човек на Националниот театар на танцот „Шајо“ во Париз, кому вечер на отворањето на „Танц-фест“ ќе му биде доделена и наградата „Менада“ за врвни достигнувања во областа на танцот.
Пригодна беседа по тој повод ќе одржи Јордан Плевнеш, ректор на ЕФТА, од каде што соопштија дека признанието почесен доктор на Универзитетот досега им е доделено и на други врвни француски имиња, како Клод Лелуш, Шарл Азнавур и Жан Клод Кариер.
- Беседата, која го објаснува феноменот на танцот од антиката до денес, ќе биде објавена во специјалната едиција на Универзитетот под наслов „Современиот танц - универзална игра во лицето на светот“, соопшти Универзитетот ЕФТА.
Ново на Сител
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар
-
Бизнис секторот оценува дека 2025 ќе биде успешна година за македонското стопанство
-
Во 2024-та во Штип купени 270 станови, некои и по цена за 1380 евра за м2
-
Преглед на вестите од светот
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ