Свет
26. February 2017 - 9:54

Француските пратеници побараа од претседателот да ја признае државата Палестина

Околу 154 француски пратеници и сенатори од сите политички партии го повикаа претседателот Франсоа Оланд да ја признае државата Палестина. 

- Франција треба да покаже решителност во излегувањето од слепата улица на тој конфликт, со тоа што свечено во името на самоопределувањето ќе каже дека палестинскиот народ има право да создаде држава, се вели во писмото.

- Тоа е согласно меѓународното право, но е и во интерес на безбедноста на Израел, додадоа пратениците, обраќајќи се до претседателот со повик да дејствува на висината на својата функција и да не го пропушти овој историски момент.

На листата пратеници, кои го потпишале писмото се претставени речиси сите политички групации, како од левата, така и десната ориентација на политичкиот спектар.