Француското Собрание на 21 ноември ќе расправа за Протоколот за членството на земјава во НАТО
Националното собрание на Франција на 21 овој месец ќе расправа и најверојатно ќе го усвои Предлог-законот за ратификација на протоколот за членството на Северна Македонија во НАТО, јави дописникот на МИА.
Предлог-законот на француското Министерство за Европа и надворешни работи со кој се ратификува Протоколот на НАТО за пристапување на Република Северна Македонија, веќе беше усвоен од Сенатот во Париз на 17 октомври, а тој се е во парламентарна процедура во Долниот дом на Парламентот, Националното собрание. По комисиските расправи, предложениот закон ќе се најде на расправа на собраниската седница на 21 ноември, кога се очекува и да биде усвоен.
Во образложението на Предлогот, дадено од француското Министерство за Европа и надворешни работи, пристапувањето на Северна Македонија во НАТО „ќе ја зајакне безбедноста на регионот и на Алијансата во целина“.
– Франција ќе остане особено будна во однос на клучните принципи на процесот на проширување на НАТО, а тоа се проценка на индивидуалните постигнувања на земјите кандидатки и нивниот придонес за безбедноста на евроатлантската област, се наведува во образложението.
По ратификацијата на Протоколот од страна на Франција, ќе остане уште тој да биде одобрен и шпанскиот Парламент, што се очекува да се случи до крајот на јануари, со што ќе заврши процесот на ратификација на документот во сите 29 земји членки на НАТО и земјава ќе стане полноправна членка на Алијансата.
Ново на Сител
-
Пожар избувна во куќа зад Универзална
-
Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан
-
Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје