Французите и денеска протестираат против пензиската реформа
Машиновозачите, вработените во нафтени рафинерии и други работници во Франција денеска одржуваат штрајкови на национално ниво поради планот за пензиски реформи.
Новите акции во рамки на протестите организирани на Меѓународниот ден на жената ќе се фокусираат на жените и влијанието на пензиската реформа врз мајките кои работат.
Феминистките тврдат дека пензиската реформа е неправедна кон жените бидејќи дополнително ќе ги продлабочи родовите нееднаквости, јавија француски медиуми.
Француското Министерство за внатрешни работи синоќа соопшти дека 1,28 милиони луѓе протестирале на вчерашните протести низ целата земја против планот на претседателот Емануел Макрон да ја зголеми старосната граница за пензионирање на 64 години.
Тоа се шести протести откако беше најавена реформата за која во моментов расправа Горниот дом на францускиот парламент. Предлогот беше разгледан прво во Долниот дом на Парламентот со жестока дебата, но владата одбива да го измени или повлече својот план.
Ново на Сител
-

Македонскиот фолклор триумфираше во Бразил: „Студио Фолклор“ прво кај публиката, трето кај жирито
-

Уапсена жена од Скопје, предизвикала пожар во Центар
-

Николоски: Градежништвото ја движи економијата
-

Трамп за денеска планира телефонски разговор со Путин, а потоа и со Зеленски
-

Силјановска Давкова: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме
-

Застанале со мотор и пукале кон петмина, МВР со детали за убиството
-

Продолжува судењето за случајот „Државна лотарија“, закажано ново рочиште во Кривичниот суд
-

Удрил во банкина и починал на лице место - мотоциклист загина кај Крива Паланка
