Франс Тимерманс доаѓа во Бугарија на конференција за зелената енергија
Потпретседателот на Европската комисија задолжен за Европскиот зелен пакт, Франс Тимерманс, пристигнува во Бугарија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Тимерманс ќе учествува на конференцијата „Зелена транзиција – решенија и предизвици за Бугарија“, која заедно со бугарскиот еврокомесар за иновации, истражувања, култура, образование и млади Марија Габриел и претставници на бугарските власти , бизнисот, синдикатите, невладините организации и медиумите ќе разговараат за можностите и предизвиците што зелената транзиција ги носи за економијата и граѓаните на Бугарија.
Како дел од настанот, Тимерманс ќе одржи билатерална средба со бугарскиот привремен премиер Стефан Јанев.
Дописникот на МИА од Софија потсетува дека според Тимерманс позеленувањето на европската економија ќе донесе огромни можности за Бугарија, додавајќи дека земјата може да стане центарот на зелената енергија на Балканот. Според него, Бугарија може да им помогне на другите земји во регионот кои не се членки на ЕУ.
Тимерманс во март 2021 година коментираше дека е одобрен проект за изградба на 400 мегаватни соларни панели кај градот Хасково, во близина на бугарско-турската граница, додавајќи дека тоа ќе биде најголемата таква централа во Европа, што ќе обезбеди многу работни места.
Ново на Сител
-
Франција со најмногу медали на Светското првенство во биатлон 2025
-
Ливерпул го доби дербито со Сити, Салах продолжува со историски достигнувања
-
Фудбалерот на Фиорентина, Кин кој колабира на натпреварот против Верона е во свесна состојба
-
Мицкоски и ја честита на ЦДУ изборната победа во Германија
-
Мерц ја доведе во прашање иднината на НАТО во неговата „сегашна форма“
-
Макрон ќе се сретне со Трамп во Белата куќа за разговори за Украина
-
ДПА: Повеќето герамански гласачи се за коалиција меѓу конзервативците и СПД
-
Законските измени за сметководителите денеска пред пратениците