Македонија
21. October 2024 - 10:01

Фрлена експлозивна направа во клубот на ПЦЕР во Тетово

Самка Ибраимовски, претседател на Партијата за Целосна Еманципација на Ромите (ПЦЕР) информира дека била фрлена експлозивна направа во нивниот партиски клуб што се наоѓа во Тетово. Во соопштението на ПЦЕР нема информации за повредени луѓе, а се вели дека има голема материјална штета.

-Би сакале да ја информираме јавноста дека на 21.10.2024 година беше фрлена експлозивна направа во клубот на ПЦЕР. Искршени се сите прозори и е направена значителна штета од сето ова. Најостро го осудуваме овој чин на нетолеранција и непочит кон нас и кон Ромите од овој град и од целата држава. Ги повикуваме надлежните институции од Република Северна Македонија да го истражат случајот и навремено да постапат, пишува Ибраимовски во соопштение до медиумите.

Клубот на ПЦЕР се наоѓа на улицата „Иво Лола Рибар“во Тетово.