-->
-->
Фудбалерите на Шкендија внимателни пред реваншот со Дачија
-->

Фудбалерите на Шкендија иако во реванш дуелот против се молдавската Дачија ќе влезат со висока предност од 3-0 остварена на првиот меч од квалификациите за Лига Европа, сепак со доза на претпазливост го исчекуваат реванш натпревар.
Тетовчани во Молдавија пристигнаа со висока предност од 3-0, но и тренерот Османи и капитенот Хасани велат дека против нив ќе се натпреварува квалитетна екипа, која не смее да се потцени.
„Сигурно дека нема да биде лесно, иако носиме предност од 3-0. На првиот меч Дачија докажа дека е квалитетен тим и знае што сака на терен. Ни преостануваат уште 90 минути и од фудбалерите ќе барам да бидат максимално фокусирани, да ги одработиме на најдобар можен начин, затоа што секоја деконцентрација може да биде и кобна за нас. Рецептот се знае, мораме да ја повториме играта од Струмица", изјави Ќатип Османи тренерот Шкендија на официјалната на прес-конференцијата одржана во Кишињев.
И капитенот Ферхан Хасани го дели мислењето на својот тренер, потенцирајќи дека Дачија нема лесно да се предаде и дека молдавскиот тим ќе се обиде уште во раниот период на мечот да постигне гол.
„Сигурно дека Дачија нема да се предаде и ќе сака брзо да го отвори резултатот. Знаеме од каде демне опасноста. Нема да биде лесно и затоа треба да ја повториме добрата игра од првиот натпревар", изјави Хасани.
Дуелот во Кишињев, меѓу Дачија и Шкендија кој е во рамките од првото квалификациско коло ќе се игра попладнево со почеток од 16 часот. ит/
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мистериозна бела пена во Вардар: Дрон и инспектори во потрага по загадувачот
-

Тема на денот со Марија Андоновска директорка на Институтот за јавно здравје
-

Комисија за заразни болести - по црвените инфекции може да се појави и жолтица во Гостивар
-

АХВ ја укина забраната, водата во Валандово е повторно безбедна за пиење
-

Пет години за спас на Охридскиот регион - УНЕСКО го одложи впишувањето на листата во опасност
-

Рокас: Се водат разговори зад затворени врати, но Македонија мора да го промени Уставот
-

Велковски уверува: Парите во вториот пензиски фонд се гарантирани и со Закон и со Устав
-

Мицкоски ја заокружи реконструкцијата - Зејнула избран за нов министер без ресор
