-->
-->
Фудбалерот Боатенг „непожелен“ за сосед во Германија
-->

Заменикот претседателот на антиимигрантската партија Алтернатива за Германија Александер Гауланд предизвика лавина реакции откако алудирајќи на бојата на кожата и потеклото изјави дека најголем број Германци не би сакале членот на националната селекција во фудбал Џером Боатенг да живее во нивното соседството.
Заменик лидерот на АФД Гауланд за весникот „Алгемајне цајтунг“ изјави дека „Луѓето го доживуваат како добар фудбалер, но тие не сакаат да го имаат Боатенг за сосед“.
Џером Боатенг чиј татко е од Гана е роден во Германија исто како и Месут Озил, трета генерација Германци со турско потекло а во националниот состав играат уште неколку фудбалери кои што немал исклучиво германско потекло.
Коментарот на Гауланд доаѓа неколку дена откако членови на антииспамската органзација ПЕГИДА ја критикуваа одлуката на производителто на Киндер чоколадите на реклмата за своите производи да стави слики со деца со темна бија на кожата наместо традиционалните деца со светла коса и сини очи.
Коменатарите на Гауланд ги критикуваше министерот за правда Хајко Мас според кого тие се неприфатливи.
- Секој што говори на тој начин се разоткрива, и тоа не само како лош сосед, напиша Мас на Твитер.
По реаакциите од голем број јавни личности меѓу кои и директорот на фудбалскиот национален тим Оливер Бироф, Гауланд изјави дека никогаш не го навредил Боатенг, кого што не го ни познава ниту би го понижил лично. Тој тврди дека весникот „Алгемајне цајтунг“ го сменил контекстот на изјавата.
Во дебатата се вмеша и лидеро тна партијата АФД Фрауке Петри која во обид да ја намали штетата изјави дека Гауланд не се сеќава дека дала таква изјава, но дека без разлика на тоа му се извинува на Боатенг поради погрешно пренесените изјави.
- Џером Боатенг е класа фубдалер и вистински дел од германскиот национале тим. Го очекувам Европското првенство“, напиша Петри на Твитер користејќи ја ознаката #сосед.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Белгија се откажува од проектот „и-полиција“ поради неисполнети очекувања
-

Во Русија разбиена мрежа на печатници кои фалсификувале пасоши и други документи
-

Контејнери за текстилен отпад пред сите месни заедници во општина Кисела Вода
-

Германија нема наскоро да се приклучи на мировните сили во Газа, вели министерот за надворешни работи
-

Минусни температури утрово на Попова Шапка, во Маврови Анови и Крушево
-

Трамп: Многу „гадови“ во САД го сакаа Епстин, а сега лажно тврдат дека не го познаваат
-

Без вода корисниците од улицата „Ванчо Мицков“ во Карпош
-

Петрова и Клековски ќе ги презентираат резултатите од контролите кај приватни гинеколошки ординации со договор со ФЗО
