ФЗО: Не е можно доцнење од 30 дена од страна на Фондот при исплата на надомест за породилно отсуство

Надомест за породилно отсуство не се исплаќа истовремено и тоа е континуиран процес кој трае во текот на целиот месец. Не е можно доцнење од 30 дена од страна на Фондот, а доколку има доцнење тоа е поради доцнење на пријава или на исплата на плати кај работодавачот, информира директорот на Секторот за комуникации и административна поддршка на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Ирфан Лимани во врска со изјавите на СДСМ, дека исплатата на породилни отсуства доцни 30 дена.
-Надоместот на породилно отсуство е процес поврзан со работодавачот на осигуреничката. Во моментот на исплата на плата од страна на работодавачот, УЈП доставува електронски информации за платените придонеси за соодветниот месец до Фондот, кои се обработуваат и одобруваат од подрачните служби, заедно со надоместоци за друг вид на боледувања, се доставуваат до Дирекцијата на Фондот. Оттука се доставуваат до УЈП за подготовка на МПИН. Потоа пресметаните надоместоци се исплаќаат континуирано. Да потенцираме ФЗО исплаќа бруто надомест, односно пензиски и други придонеси, посочува Лимани.
Најголем дел од надоместоците, како што нагласува, се исплаќаат од 10 до 20 во тековниот месец, но има исплати и потоа до крај на месецот.
- Буџет за надоместоци има, и доказ за тоа дека заклучно во месец октомври 2025 година досега се обработени и исплатени 6.268 предмети на породилно отсуство. За споредба, во септември 2025 година биле обработени 7.319 предмети и за истиот број на лица е извршена исплата, со вкупен износ од 384 милиони денари. Тоа укажува дека дел од пресметките за октомври се уште се во обработка и исплата, потенцира Лимани.
МИА
Ново на Сител
-

Државата ќе гради Национален дата-центар
-

Пет лица под лупа на ДКСК поради истовремено извршување повеќе функции
-

Се е подготвено за вечерашниот старт на Пиво фест, ќе трае до недела, се очекуваат гости од цела Македонија
-

Поплавени објекти и оштетени возила по големото невреме кое синоќа ја погоди Битола
-

Тема на денот со Драган Тилев, поранешен државен советник за европски прашања
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Забрана за користење на водата во Гостивар
