ФЗОМ: Позитивни резултати од работењето на новиот кол центар за хронични пациенти

Новиот кол центар за хронични пациенти на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) во првиот месец од работењето наидува на позитивен прием кај осигурениците. Досега се контактирани 10.000 осигуреници со дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања, од предвидените 154.531 осигуреник.
Како што соопшти ФЗОМ, резултатите се дел од реализацијата на проектот на Владата на Република Македонија „Фондот се грижи за хроничните болни“. Комуникацијата во кол центарот се одвива со телефонски јавувања, смс пораки и е-пошта со осигуреници со трите хронични заболувања за да ги потсетат кои прегледи треба редовно да ги прават, да ги информираат за комплексноста на заболувањето, со цел да се стопира можната прогресија на болеста.
Осигурениците поттикнати од јавувањата, се наведува во соопштението, се интересираат и за други права од здравственото осигурување, кои се во надлежност на Фондот, како што се остварување право на ортопедски помагала, право на медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување и бараат дополнителни информации за лекови на позитивната листа.
Тимовите се составени од вработени од повеќе подрачни служби од Скопје, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Велес, Прилеп и Куманово.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-

Сомнежи за труење во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, 20-тина деца и наставник побарале лекарска помош
-

Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
-

Филипче: Преговорите за ЕУ зависат само од власта
-

Николоски: Првите километри од автопатот Прилеп-Битола готови следната пролет, за еден месец меѓуградски воз помеѓу двата града
-

Еколошката „бомба“ кај Пробиштип конечно ќе се санира
-

Преглед на вестите од светот
