Гаши: Би застанале во одбрана на идентитетот на нашите сограѓани Македонци
Во однос на нашите граѓани секогаш сме подготвени да помогнеме. Ние како партија и коалиција би застанале во одбрана на идентитетот на Македонците, истакна претседателот на Алтернатива Африм Гаши одговарајќи на новинарско прашање околу спорот со Република Бугарија.
– Мора да седнеме и да разговараме кои се барањата на Бугарија, што можеме ние да помогнеме. Не можат да бараат бланко поддршка. На бел лист не можеме да дадеме потпис за нешто што не знаеме што е. Не е ниту морално, политички, човечки да се бара таква поддршка. Во однос на принципиелноста, ние сме тука. Нормално дека би застанале во одбрана на изјаснувањето на нашите сограѓани. Како што тие се изјаснуваат, така ние ги поддржуваме, рече Гаши на денешната прес-конференција по повод 100 дена Влада.
Ново на Сител
-
Маркетите ќе мораат да ги објавуваат цените на сите производи и на интернет
-
Што прави партизацијата и политизацијата на здравствениот систем?
-
Лекарската комора одбележува 20 години од почетокот на издавање на лиценци за работа на докторите
-
Надзорна расправа за аерозагадувањето – системот без механизам за заштита
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ достави документи до Владата
-
Меџити: Нема никаков скандал
-
Маркетите ќе бидат должни цените да ги објавуваат на интернет