Македонија
3. September 2024 - 17:21

Газдарица ја натерала кираџиката да земе кредит, ѝ ги земала парите и ја избркала

На 02.09.2024 во 16.00 часот во ОВР Виница, 36 – годишна жена од Виница пријавила дека на почетокот на јули 2024, С.Н., сопственичка на куќата во Виница во која престојувала под кирија, ја принудила да подигне брз кредит, по што со закана и ги одзела парите и ја избркала од домот, соопшти МВР.

За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово целосно расчистување.