„Газета експрес“: Денеска се очекуваат првите мерки на САД против Владата на Косово

Владата на Косово денеска може да се соочи со „конкретниот вкус“ на американското реагирање поради одбивањето да ја укине таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, пишува приштинскиот портал „Газета експрес“.
Повикувајќи се на неименувани но, како што тврди „сигурни извори“, порталот најавува дека САД можат од денеска да почнат со спроведување казнени мерки поради неисполнување на нивните постојани барања упатени до премиерот Албин Курти, веднаш и целосно да ја укине спорната такса.
– Не се знае точно какви конкретни мерки ќе преземат Американците, но сепак се споменуваат економски мерки. Една од „казните“ може да биде суспендирање на инвестициите од Корпорацијата Милениумски предизвици, која со години во Косово инвестира милиони евра, пишува „Газета експрес“.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, косовкиот премиер минатата недела објави дека од 15 март ќе се укине таксата, воведена во ноември 2018 година, на увозот на суровини од Србија и БиХ, а за натамошните мерки ќе се чека реакцијата на официјален Белград.
Доколку Србија го смени односот, односно престане со кампањата против косовската независност, на 1 април таксата целосно ќе се укине за наредните 90 дена, а во меѓувреме ќе се воведува, прво трговски, а потоа и економски и политички реципроцитет кон соседната држава. Доколку, пак, српските власти продолжат со агресивниот однос кон Косово, тогаш од 15 јуни Курти порача дека ќе ја врати состојбата која ја затекна кога ја презеде премиерската функција на 3 февруари годинава.
На делумното укинување на санкциите кон Србија и БиХ се спротивстави официјален Вашингтон, кој преку пратеникот на претседателот Доналд Трамп за преговорите Приштина – Белград, амбасадорот Ричард Гренел, порача оти од Курти се очекува целосно и без условувања да ја укине таксата. Ова барање на Американците го поддржува и претседателот на Косово Хашим Тачи, како и коалицискиот партнер во Владата на Курти, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК).
Ново на Сител
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки
