-->
-->
Гази Баба потпиша договор за изградба на резервоар и водоводна мрежа во Раштак
-->

Општина Гази Баба потпиша договор со компанијата „Енергомонт“ за изградба на нов резервоар и на дел од водоводната мрежа за водоснабдување во населеното место Раштак.
Општината информира дека со овој проект ќе се реши водоснабдувањето и во високата зона на Раштак и ќе се обезбеди водоснабдување со соодветен притисок до секое домаќинство.
Проектот за изградба на водоводната мрежа чини 7.638.440 денари обезбедени од ИПА програмата за рурална инфраструктура процесирана од Канцеларијата на Светска банка за подобрување на општинските услуги.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп по новите напади: Седнете и опуштете се, Иран сака да постигне договор
-

Македонската фудбалска репрезентација гостува кај Турција
-

ГРК Охрид го освои ЕХФ Европскиот куп
-

Македонските КикБоксери со 66 медали и шест признанија за најуспешни натпреварувачи на ВАКО КикБокс Балканското првенство
-

Цената на суровата нафта Брент се зголеми до 93,01 долари за барел
-

Сиљановска-Давкова: Парламентарната дипломатија е моќен демократски и мировен инструмент
-

Кошта од денеска во посета на Западен Балкан за да се сретне со регионалните лидери и да биде копретседавач на самитот ЕУ - Западен Балкан
-

МАНУ одбележува 80 години од раѓањето на академик Глигор Јовановски
