Генерал Аун: Ќе ги употребиме сите средства против Израел
Либанската армија ќе ги употреби сите расположливи средства за да се спротистави на потенцијалната израелска агресија по која било цена, предупреди командантот на либанските вооружени сили Џозеф Аун.
- Потврдувам дека категорично ги отфрлам повредите на либанскиот суверенитет од страна на израелскиот непријател, како и повредите на светото право на Либан да ги користи сите свои економски ресурси, посочиу генерал Аун на Твитер.
Неговата изјава уследи откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред два дена на Минхенската безбедносна конференција најави дека Израел ќе дејствува против Иран и неговите сојузници на Блискиот Исток, на што реагираше либанскиот министер за одбрана Јакуб Сараф.
Сараф истакна дека Либан е подготвен да се брани ако Израел ја нападне либанската територија.
- Израелски дрон ми е над глава во последните 15 години, но мојата земја нема воинствени намери против никого. Сепак ќе се браниме. Ние сме за мир, но нема да трпиме никакви закани и нема да прифатиме никаква агресија, посочи Сараф во неделата на Конференцијата во Минхен.
Неодамна американски дипломати посредуваа помеѓу двете земји откако се зголемија билатреалните тензии поради пограничниот ѕид што го гради Израел и одлуката на Либан да ги истражува енергетските ресурси на својот брег, а во близина на спорните територијални води.
Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш вчера изрази загриженост поради можноста од директен судир меѓу Израел и Хезболах.
- Длабоко сум загрижен поради тешко предвидливите фактори во целиот регион. Најлош кошмар би бил директен судир меѓу Израел и Хезболах. Нивото на уништување во Либан би било катастрофално, што значи, постои голема загриженост околу таа ситуација, истакна Гутереш, мислејќи на бројните паравоени групи од Сирија кои се приближуваат кон границата со Израел.
Хезболах е формиран во 80-те години од минатиот век како движење на отпорот против израелската окупација на јужен Либан, но од 2006 година меѓу нив немало голем судир.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Британски суд осуди албански државјанин, кој извршил грабеж и во вилата на фудбалската ѕвезда, Рахим Стерлинг
-
Бомбата за Раде Штекли најавена на „тикток“ | ВИДЕО
-
Во петок дожд и снег на планините, за викендот стабилно и студено време
-
На посиромашните земји им требаат трилион долари годишно до 2030 година поради климатските промени
-
Пронајден кокаин, марихуана и две дигитални ваги кај 26 годишна девојка во Аеродром
-
Отишле на лов па го застрелал од пушка за која немал дозвола, уапсен 54 годишник во Штип
-
Андоновски: Корупцијата не смее да ја загрози дигиталната безбедност