Гувернери на државите во САД создадоа група за да се спротивстават на политиките на Трамп

Гувернерите на Илиноис и Колорадо рекоа дека ќе копретседаваат со коалиција од претежно демократски држави кои ќе се борат против политиките што новоизбраниот републикански претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги продолжи.
Со нивната група „Гувернери во одбрана на демократијата“, демократите Ј.Б. Прицкер од Илиноис и Џаред Полис од Колорадо им се придружуваат на јавните обвинители и другите демократски гувернери кои исто така ветија дека ќе се спротивстават на конзервативните политики на Трамп насекаде – од имиграцијата до укинувањето на мерките за заштита на животната средина.
Ја основавме (групата) затоа што знаеме дека едноставната надеж сама по себе нема да ја спаси нашата демократија, рече Полис за време на конференциска врска со која го објави создавањето на групата. „Треба да работиме заедно, особено на државно ниво, за да го заштитиме и зајакнеме“, додаде тој.
Полис и Прицкер не дадоа детали за активностите што ги разгледуваат, а транзицискиот тим на Трамп сè уште не го коментирал создавањето на групата.
Ново на Сител
-

ЕХФ ЕУРО2026: Ојлески ново име во составот на македонската репрезентација
-

Борис Стефановски го фати крстот во црквата „Свети Никола“ во Куманово
-

МВР: Известување до јавноста - Проект „Безбеден град“
-

Јовица Илиески-Кара го фати осветениот крст за Богојавление-Водици во Тетово
-

Во Дебар по крстот скокаа три дечиња, најсреќен Дамјан Стефановски
-

Сенегал во хаотично финале до своја втора африканска титула
-

Честитка од Мицкоски за Водици: Да останеме верни на вредностите, да ја градиме државата со чесност, солидарност и грижа за заедничко добро
-

Мартин Гоџо го фати крстот во водите на Охридското Езеро
