Генерал Лафчиски на 29. Конференција на началниците на Генералштабови на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од денеска престојува во тридневна работна посета во Задар, Република Хрватска, каде што утре ќе учествува на 29. Конференција на началниците на Генералштабовите на армиите на земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5).
Конференцијата, која оваа година се одржува на тема „Остварување на регионалните придобивки“, претставува можност за размена на мислења и искуства во насока на унапредување на регионалната одбранбена соработка, како и за разгледување на можностите за натамошно зајакнување на безбедносното партнерство меѓу земјите членки на А-5, сопшти ГШ на Армијата.
САД-Јадранската повелба (А-5) е регионална иницијатива за одбранбена и безбедносна соработка, воспоставена во 2003 година под покровителство на Соединетите Американски Држави. Покрај земјите основачи: Република Северна Македонија, Албанија и Хрватска, од 2008 година членки се и Босна и Херцеговина и Црна Гора, додека Словенија, Србија и Косово имаат статус на земји набљудувачи
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ: 18 месеци нема правда за Кочани затоа што судството под контрола на Мицкоски ги штити своите
-

ВМРО-ДПМНЕ: Инсталациите на СДС и ДУИ во правосудството ја ставаат правдата во втор план
-

Mатични лекари – да прекине праксата издавање на боледување по телефон
-

Пензионерите ќе можат да си докупат стаж за да имаат право на пензија
-

Владата подготвува можност за откуп на стаж
-

Сали: Се прават напори за усвојување на Изборниот законик
-

Купувајте домашно од мали земјоделски стопанства, не индустриски производи со сомнителен увозен квалитет
-

Околу 1300 интервенции на спасителите на вода ова лето
