Генерален штрајк на приватни специјализанти

Приватни специјализанти најавија генерален штрајк од денеска. Причина за штрајкот, како што најавија во четвртокот преку соопштение, е што и покрај одржаниот протест на 27 март и остварената средба со министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, на 2 април, сѐ уште не биле исполнети нивните барања.
- На средбата со министерот за здравство, од негова страна ни беше ветено дека нашите барања ќе бидат изнесени на следната седница на Влада. По остварената средба со министерот, одржани се две седници на Влада и тоа на 3 и 9 април, на кои според јавно достапните информации на Влада, во ни една од нив не е разговарано за нашите барања, се посочува во соопштението.
Поради тоа, како што се додава во соопштението, испратено во име на приватните специјализанти при универзитетите за медицински науки „Кирил и Методиј” и „Гоце Делчев“ - Штип, принудени се да го направат следниот чекор - пристапување кон генерален штрајк од денеска. Се најавува тој да трае сѐ до исполнување на нивните барања.
Од Министерството за здравство, исто така во четвртокот, беше кажано дека по средбата со приватните специјализанти, изготвен бил извештај и доставен е до Владата. На некоја од седниците, како што беше посочено, ќе дојде на разгледување со цел да се видат барањата и можните решенија во овој предизборен период.
-Министерството за здравство секогаш ќе се залага за подобрување на условите за работа на сите здравствени работници, вклучително и на приватните специјализанти, кои се важни во здравствениот систем. Во 2018 година, приватните специјализанти за првпат беа препознаени во јавното здравство и платени за својата работа. Ставот на Министерството е позитивен, со цел да им се излезе во пресрет на приватните специјализанти, нагласуваат од Министерството.
На државните клиники работат околу 400 приватни специјализанти за месечен надоместок од 26.000 денари, а едно од нивните барања е негово покачување на 40.000 денари.
Ново на Сител
-

ОН: Лани низ целиот свет биле убиени 350 хуманитарни работници
-
Ангелов: Пожаpот се прошири и зафати делови од прилепското село Чаниште, нема жртви и повредени
-

Пентагон потпиша договор вреден речиси 23 милијарди долари за забрзано производство на Томахавк
-

Вардар со победа ја стартуваше Регионалната лига
-

Седум нови осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
-

Авион на воздухопловните сили на Франција принудно слета на автопат и се запали
-

Ѓоковиќ мора да го провери дишењето пред УС опен
-

Анкета на Фајненшал тајмс: Мнозинство американски гласачи велат дека им е полошо откако Трамп е претседател
