-->
-->
Геолошкиот профил Ѕвегор прогласен за природна реткост
-->
Со одлука на Министерството за животна средина потпишана од министерот Насер Нуредини, карактеристичниот геолошки профил – Ѕвегор кој се наоѓа на подрачјето на Општина Делчево, село Ѕвегор, е прогласен за природна реткост. Одлуката, како што изјави Тони Стоименовски од ЕЛС Делчево, доаѓа по претходно изработените елаборати за валоризација на природните реткости во Делчевско.
-Овие елаборати беа поднесени во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка и Центарот за развој на Источно-планскиот регион. Задоволство е што за краток период два локалитети се прогласени за природни реткости. Тоа е Киселичката пештера која стана природна реткост на 22 август годинава, а еве сега и Карактеристичниот геолошки профил Ѕвегор, вели Стоименовски.
При неколкуте истражувања кои беа направени откриено е дека локалитетот се состои од карпи со лотриоморфна до хипидиоморфна зрнеста форма, кои содржат претежно кварц, плагиоклас, калиски фелдспат, биотит, поретко мусковит и хлорит, а споредни минерали се сфен, апатит и оксиди на железото.
Локалитетот на Карактеристичниот геолошки профил – Ѕвегор се наоѓа на околу еден километар северно од селото Звегор, во Општина Делчево, на надморска висина од 740-850 метри на источните падини на возвишението „Илин камен“, до патот кој води за граничниот премин со Република Бугарија, односно паралелно со него, зафаќајќи површина од 7,8 хектари.
Следниот чекор е заштита на палеонтолошкиот локалитет Стамер, за кој Министерството за животна средина, се очекува да донесе решение истиот да биде прогласен за заштитено подрачје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа
-
Таравари: За приватните специјализанти ќе постапиме според интересот на болниците, над 10 доктори во Штип
-
Повеќе од 130 светски лидери следната недела на Генералното собрание на ОН
-
Над 7.500 ученици во Општина Аеродром добија бесплатни училишни униформи
-
Муцунски на Столтенберг му врачи Плакета за постигнатите успеси
-
Модуларната болница кај Инфективната клиника во Скопје ќе ја користат Затвор Идризово или Министерство за одбрана
-
Утре променливо облачно со повремен дожд, температура до 25 степени