Loading Video...
Спорт плус
4. јуни 2023 - 18:19

Георгиевски елиминиран по првата борба на СП

Сребрениот олимпиец, Дејан Георгиевски е елиминиран по првата своја борба на Светското таеквондо првенство што се одржува во Баку.

Во силната конкуренција на најдобрите планетарни борци во овој спорт, Георгиевски кој беше рангиран како шести носител, во првото коло беше слободен.

Во првиот свој настап односно 1/16-финалната рунда Георгиевски за противник го имаше Авганистанецот, Али Албар Амири.

Иако нашиот олимпиец добро ја започна борбата и имаше водство од 2:0 сепак првата рунда заврши со нерешен резултат 2:2. И во втората Георгиевски до самиот финиш водеше и со 3:0, но противникот со низа удари успеа комплетно да ја сврти борбата и да ја добие рундата со 7:3, за конечни 2-0 со што го елиминира нашиот адут.