Георгиевски: Откупот тече во најдобар ред, тутунарите да не наседнуваат на лагите на ВМРО-ДПМНЕ
Откупот на тутун тече во најдобар ред.
Заклучно со 4 јануари 2022 година откупени се 10.522 тони на сите 173 откупни пунктови, со просечна цена од 191 денари од вкупно договоренaта количина од 22.137 тони.
Тоа значи дека се откупени скоро половина, односно 50 отсто од договорената количина.
Согласно Законот за тутун, откупот трае до 31 март, што значи дека динамиката на откуп на тутунот е добра.
За да нема никакви неправилности и малверзации при откупот, од самиот почеток на откупот Државниот инспекторат за земјоделство е постојано на терен, и ќе биде присутен се до завршување на откупот.
Истовремено, ја користам приликата да апелирам до тутунопроизводителите и целата јавност, да не наседнуваат на лажните вести пласирани од ВМРО-ДПМНЕ дека увозот на тутун го загрозува откупот на домашниот тутун.
Вистината е дека тутунопроизводителите секоја година склучуваат договори со откупните компании, каде компаниите се обврзуваат целокупниот произведен тутун кој е договорен, да биде откупен.
За реколтата 2021 склучени се 27.650 договори, за очекувано производство на околу 22.137 тони суров тутун во лист.
Тоа значи дека невозможно е домашниот тутун да остане неоткупен за сметка на увезениот, а дополнително, увезениот тутун воопшто не е од истите сорти и типови кои кај нас се произведуваат.
Дека ВМРО-ДПМНЕ се крајно лицемерни и нечесни говори и фактот што за време на нивното владеење исто така имало узвоз на тутун, а увезвените количини тутун биле и за двојно или тројно од количните кои се увезвуваат овие четири години.
СДСМ, Владата и инистуциите што ги предводи продолжуваат со вистинска грижа за сите земјоделци, остануваме посветени на помош и поддршка кон сите земјоделски гранки, особено кон производството на тутун од кое живеат десетици илјади семејства.
Прес-конференција на Гоце Георгиевски, претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ
Ново на Сител
-

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта
-

Трамп: Иранското раководство е неверојатно лицемерно
-

Зголемена фреквенција на патиштата, најдолго чекање на Табановце и Богородица
-

ЦУК: Активни пет пожари низ државата, десет се изгаснати
-

Четворица осомничени за пукање на свадба во Добри Дол, Обвинителството бара притвор
-

Во гаснењето на пожарот кај Кавадарци ангажирани авиони, хеликоптери и механизација
-

Либан тврди дека израелската армија повторно употребила фосфорни бомби
-

Гаши од Каиро: Борбата против дискриминацијата е заштита на човечкото достоинство
