Герапетритис: Грција ја поддржува европската перспектива на Турција

Грција отсекогаш го поддржува европскиот пат на Турција. Тоа е во интерес и на Европската Унија и на стабилноста во поширокиот регион на источниот Медитеран, пораче министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис, пред почетокот на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина.
Герапетритис посочи дека Турција, секако, треба да ги препознае високо чувствителните прашања за земјите-членки на Унијата, односно „треба да постојат опипливи докази за нејзината посветеност да се продолжи дијалогот за кипарското прашање врз основа на одлуките на Советот за безбедност на Обединетите нации“.
-Односите меѓу Грција и Турција во последниот период се подобрени. Тоа е неопходен услов за напредок на евро-турските односи.
Од друга страна, Турција треба постојано да ја демонстрира својата подготвеност за подобрување на евро-турските односи, секогаш придржувајќи се до одредниците на европското законодавство, рече Герапетритис.
Паралелно истакна дека Европската унија ќе мора да биде присутна во големите кризи и ќе мора да биде способна со еден глас да одговори на големите прашања.
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
