Герасимовски свика итна седница за помош на настраданите во Турција
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свикал итна вонредна седница на Советот во четврток за доделување хуманитарна помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција.
Герасимовски, како што информираат од општинската прес-служба, испратил и телеграма со сочувство до турскиот амбасадор во земјава, Хасан Мехмет Секизќок.
-Во моментов кога Вашата земја се соочува со катастрофална несреќа поради серијата земјотреси што го погодија јужниот дел на Турција, сакам вам, на целиот турски народ и на семејствата на настраданите да Ви изразам искрено сочувство, и длабока тага поради изгубените животи и материјалната штета, пишува во телеграмата на градоначалникот.
Општина Центар и јас како нејзин градоначалник, додава Герасимовски, ќе вложиме максимални напори со Црвениот Крст на Република Северна Македонија да обезбедиме и пратиме помош од секаков вид што во овие услови му е најпотребна на погоденото население.
-Централното градско подрачје на Скопје се уште со болка се сеќава на земјотресот во 1963 година и подадената рака со помош од целиот свет. Токму затоа ќе преземеме се што е во наша моќ барем малку да помогнеме во оваа трагична состојба за турскиот народ, пишува во телеграмата Герасимовски.
Општина Центар негува традиционално добри односи со Република Турција и тамошните општини. Доказ за добрата соработка меѓу останатото, се и збратимувањата со двете општини Бејоглу во Истанбул и Четинкаја во Анкара. Во овие тешки времиња за нашите пријатели во Турција целата помош и поддршка е потребна и исклучително важна.
Ново на Сител
-

Кривична за претседател на ловечко друштво од Струмица, проневерил повеќе од 1 милион денари
-

Премиерот Мицкоски на настан за програмата Еразмус+ на Економскиот факултет
-

EK отпушти свој висок функционер поради „примање подароци“ од Катар во замена за доверливи податоци
-

Без вода хотелот Континентал и трговскиот центар Ист Гејт
-

Трамп се закани со царини од 50 проценти на канадските авиони
-

Гутереш вели дека „очигледно е време“ жена да застане на чело на ОН
-

Камионџиите од Србија и БиХ продолжуваат со блокадите, во вторник состанок на министрите од Западен Балкан со ЕК
-

Променливо облачно со локален дожд, а на планините снег
