ГЕРБ доставиле два нацрта до Собранието за решавање на спорот со Македонија
Пратеничките групи на ГЕРБ-СДС и ДПС доставија два нацрта до Народното собрание за решавање на спорните прашања меѓу Софија и Скопје, пишува „Бгнес“.
Документот на ГЕРБ се нарекува „Нацрт-акција на Советот на министрите за одобрување на нацрт-преговарачка рамка и нацрт-заклучокот на Советот на ЕУ за европска интеграција на Република Македонија“. Предлог-одлуката е поднесена утрово.
Синоќа беше доставен документот на ДПС, како што најави лидерот на партијата Мустафа Карадај по изгласувањето недоверба, со кое беше урната владата на Кирил Петков. Документот на Движењето е наречен „Предлог-одлука за одобрување на нацрт-преговарачката рамка на француското претседателство за преговори за членство на РС Македонија и Албанија во ЕУ“, предложена од француското претседателство.
„Бгнес“ потсетува дека францускиот предлог се состои од три независни елементи, кои целосно може да одговорат на прашањето дали РСМ е подготвена да ги почне преговорите за членство во ЕУ, пишува медиумот.
Првиот документ, нацрт-заклучоците на Советот, кажува дека темата „билатералните односи Скопје-Софија“ ќе биде дел од преговарачкиот процес. Овој документ, како и вториот документ, преговарачката рамка, се однесува на трет, клучен документ – билатерален протокол во кој нема ништо француско и целосно е производ на договор меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји. Ова е, всушност, патоказот со конкретни заложби и фази што Скопје мора да ги спроведе за возврат да го укинеме ветото, пренесува „Бгнес“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај