ГЕРБ на Борисов победи на предвремените избори во Бугарија
Десничарската партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов е победник на вчерашните парламентарни избори во Бугарија, седми во последните две години, покажуваат првичните прелиминарни резултати од гласањето.
ГЕРБ освои 25 отсто од гласовите, што е за околу 10 отсто повеќе од реформистичката коалиција на партијата „Промените продолжуваат“ и десничарската Демократска Бугарија.
Конечните резултати се очекуваат денеска, а доколку првичните податоци се покажат како точни, Борисов ќе добие мандат да ја формира својата четврта влада, но ќе мора да бара коалициски партнери за формирање на кабинет.
Политичките аналитичари прогнозираат дека и овие резултати, кои не се значително различни од претходните шест избори одржани во последните три години, може да доведат до нови избори.
На последните избори одржани во јуни, немаше јасен победник, а седумте групи избрани во парламентот не беа во можност да формираат одржлива коалиција.
Набљудувачите сугерираат дека вчерашното гласање ќе доведе до потешки преговори меѓу групите во парламентот, особено што сега се очекува во парламентот да влезат девет партии.
Серијата неуспешни избори имаше сериозно влијание врз бугарската економија и нејзината надворешна политика.
Земјата ризикува да загуби милијарди евра од фондовите за обновување на ЕУ поради недостаток на реформи.
Целосната интеграција во отворената Шенген зона и приклучувањето кон еврозоната најверојатно дополнително ќе бидат одложени. сд/Промените продолжуваат“ и десничарската Демократска Бугарија.
Конечните резултати се очекуваат денеска, а доколку првичните податоци се покажат како точни, Борисов ќе добие мандат да ја формира својата четврта влада, но ќе мора да бара коалициски партнери за формирање на кабинет.
Политичките аналитичари прогнозираат дека и овие резултати, кои не се значително различни од претходните шест избори одржани во последните три години, може да доведат до нови избори.
На последните избори одржани во јуни, немаше јасен победник, а седумте групи избрани во парламентот не беа во можност да формираат одржлива коалиција.
Набљудувачите сугерираат дека вчерашното гласање ќе доведе до потешки преговори меѓу групите во парламентот, особено што сега се очекува во парламентот да влезат девет партии.
Серијата неуспешни избори имаше сериозно влијание врз бугарската економија и нејзината надворешна политика.
Земјата ризикува да загуби милијарди евра од фондовите за обновување на ЕУ поради недостаток на реформи.
Целосната интеграција во отворената Шенген зона и приклучувањето кон еврозоната најверојатно дополнително ќе бидат одложени.
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка