Германци откриваат кој ја убил Јелена: На снимките од три безбедносни камери се гледа убиецот на Јелена?!
![]()
Убиецот на убиената пејачка Јелена Марјановиќ може да биде откриен, откако снимки од три сигурносни камери од насипот во Борча ќе бидат анализирани во Германија. Имено, инспекторите кои работат на овој случај успеале да најдат и проверат седум од осум личности кои се појавуваат на снимките. За сега единствено непознат е идентитетот на велосипедистот.
Тој на снимките толку многу лошо се гледа, што е потполно е нејасно дали вози велосипед или мотоцикл. Така што стручни лица од германската полиција на институтот во Визбаден ќе пробаат да ја „изострат снимката“ и така да го откријат идентитетот на мистериозниот човек.
Овој траг би можел да биде последната прилика, полицијата да пронајде доказ и да го открие убиецот на пејачката, кој е непознат уште од 2. април, односно цели 43 дена.
Соговорникот од истрагата, која длабоко навлезе во вториот месец, вели дека снимките од сигурносните камери, можат да бидат доказ, ако бидат употребливи.
Се анализираат снимките од три безбедносни камери. Една се наоѓала во куќата на семејството Јаховиќкоја била свртена кон насипот, другата била поставена во продавницата, на почетокот од патот кон населбата Црвенка. Третата камера била поставена во градскиот автобус.

- На тие снимки освен Марјановиќ, се појавуваат точно 7 личности. Тие 7 успеавме да ги индетификуваме, сослушаме и провериме. Утврдивме дека никој од тие нема допирна точка со убиството. Остана осмиот човек, за кој не знаеме ништо, освен дека носи сина облека и дека нешто вози. Снимката е толку лоша што не да се утврди дали е тоа мотоцикл и велосипед, објаснува изворот близок на истрагата.
Тој додал дека од големо значење е да се открие тој човек, зошто така би можеле да го затворат кругот на можни убијци.
- Поради тоа снимката ја пративме во Германија, во форензичарскиот институт во Визбаден, каде нивната полиција со специјални методи пробува да ја „изоштри снимката“ да се филтрира и така да овозможат да се пронајде идентитетот на човекот, кој би можел да биде убиецот.
Доколку ниту оваа метода не успее, сторителот ќе остане неоткриен, смета тој и додава дека решавањето на овој случај и понатаму е приоритет на српската полиција.,
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
